Изборна измама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Изборна измама (нарекувана и како изборна манипулација, изборни нерегуларности, измама на гласачите. изборен фалсификат или изборна кражба), е незаконско мешање во изборниот процес, преку зголемување на бројот на гласови за претпочитаниот кандидат, намалување на бројот на гласови за неговите противници, или и двете; со цел победа на изборите.[1]
Многу видови изборни измами се забранети со изборниот закон,[2] но има и други закони кои забрануваат вакви постапки, особено законите што забрануваат физички напад, малтретирање или клевета. Иако поимот „изборна измама“ ги опфаќа само оние дела што се незаконски, понекогаш се користи и за да се опишат легални активности кои се сметаат за неморални, кои не се во духот на фер избори или со кои се кршат принципите на демократијата.[3][4] Изборите на кои може да се гласа само за еден кандидат честопати се сметаат како изборна измама, иако тие можат да се во согласност со закон и се повеќе еден вид референдуми.
Кај тесни избори, дури и најмала измама може да биде одлучувачка. Обелоденувањето на изборни измами, дури и да не влијаат на конечниот резултат, може да ја намали довербата на гласачите во демократијата.