From Wikipedia, the free encyclopedia
Идрија (словенечки: Idrija; германски: Idria; италијански: Idria) — град во Општина Идрија во западна Словенија. Градот е центар на општината Идрија. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Идрија веќе со столетија своето постоење му го должи на рудниците на жива, некогаш најбогати на светот, кои денес се пред затворање заради финансиска неисплатливост. Токму заради тоа што во Идрија Европејците повторно ја откриле живата во 1490 година и се сочувани делови е некогаш најголемиот комплекс за вадење жива на светот, во 2012 година Идрија е впишана во УНЕСКО-виот попис на места на светското наследство во Европа под името „Наследство на жива“, заедно со шпанскиот рударски град Алмаден.[1]
Идрија Idrija | ||
---|---|---|
Местоположба во Словенија. | ||
Координати: 46°0′9″N 14°1′39″E | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Приморска | |
Статистички регион | Горички | |
Општина | Идрија | |
Површина | ||
• Вкупна | 13,1 км2 (5,1 ми2) | |
Надм. вис. | м | 334,5|
Население (2020) | ||
• Вкупно | 5.886 | |
• Густина | 450/км2 (1,200/ми2) | |
Час. појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 5280 | |
Службен назив: Наследство на жива. Алмаден и Идрија | ||
Тип: | културно | |
Критериуми: | ii, iv | |
Прогласено: | 2012 (36-та сесија) | |
Број | 1313 | |
Држава: | Словенија | |
Област: | Европа и Северна Америка |
Идрија се наоѓа во западна Словенија во историскиот регион Приморска и во Горичкиот статистички регион. Градот е сместен во горниот тек на реката Идријица, во подножјето на планината Јаворник, на надморска висина од 335 метри.
Веројатно денес Идрија не би постоела доколку во 15 век на ова подрачје не бил откриен многу богат извор на жива. Легендата кажува дека ја открил некој селанец Шкафар леејќи вода од бунарот во канта, при што забележал некој сјај во водата. При обидот да ја понесе, открил дека е толку тешка што не можел ниту да ја помрдне. Отишол во Шкофја Лока и таму откриле дека се работи за жива.
Во Идрија почнале да ископуваат живина руда во последното десетлетие од 15 век, а до 1508 година пронајдени биле големи количини руда, најголеми на светот. Со ненадејното богатење на местото дошло и до изградба на црквата „Св. Тројство“ (изградена во 16 век), а во 1527 година и идрискиот дворец Геверкенег кој никогаш не служел за одбрана, туку како дом на владата. Во 1575 година, рудникот во целост бил по управа на австриската влада, која го поседува сè до 1918 година. Во тоа време рударењето на жива се модернизирало, а биле изградени и високи печки за обработка на рудата и пумпи за црпење вода од рудникот. На крајот на 18 и на почетокот на 19 век, за време на Наполеон, рудниците кратко време биле заземени од Французите.
Во втората половина на 18 век Идрија имала најдобро организирана здравствена услуга во денешна Словенија. Во Идрија меѓу другите работел и Џовани Антонио Скополи (1732-1788), кој ја напишал првата книга за крањската флора, Flora Carniolica, како и Балтазар Аке (1739-1815), чија книга Oryctographia Carniolica е темл на словенечката геологија и минералогија.
После француската окупација градот полека се стабилизирал и своите најдобри години ги доживеал непосредно пред Првата светска војна. Во текот на војната рудниците стагнирале, а после војната доаѓаат под италијанска власт, во кое раздобје пропаѓаат. После Втората светска војна, со договорот од о1947 година, Идрија стана дел од Југославија и започнала последната модернизација на рудникот со бројни постројки и ротациски печки. Рудникот почнал да се затвора во 1980-тите години, кога цената на живата паднала на берзата, заради што дошло до масовно напуштање на индустријата на жива.
Во Идрија доминира величествениот "дворрец" Геверкенег, кој не е прав дворец според кастелологијата бидејќи никогаш не бил средиште на феудален посед и не бил граден за одбрана. Бил изграден во 1527 година како управна зграда на рудникот и складиштето за жива (и храна кога зимата го оневозможувала нормалниот пристап на Идрија). Во текот на обновата, која сè уште трае, откриено е двориште со аркади и сликовита украсна архитектура. Денес зградата е музеј на Идрија (особено занимлив по својата збирка на рударство и чипка) и музичка школа.
Во Идрија се наоѓа и најстариот театар во Словенија, изграден во 1769 година, кој во 1980-тите и 1990-тите бил кино-сала, но денес е затворен.
Рударскиот музеј се наоѓа во бившата јама Франциск (Frančiške) со две сали со раставени стари рударски постројки. Во близина се наоѓа обновена рударска куќа од втората половина на 18 век.
Рударскиот музеј „Антониев ров“ сместен е во напуштениот рудник чиј главен влез е всушност куќа во која е роден Станко Блоудек, словенечки воздухопловен дизајнер, спортист и дизајнер на спортски предмети.
Камшт денес е најголемото дрвено тркало во Европа и едно од најголемите технички чуда на Словенија. Името најверојатно му потекнува од германскиот збор Kunst ("уметност, умешност "). Бил дел од системот од неколку тркала и пумпи со кои се ваделе опасните води од рудникот пред околу 200 години. Неговиот полупречник е 13 м, со хоризонтална шипка долга 67 метри и 340 метри длабоко во спилата на чие дно се наоѓа пумпа за вода. После поплавата во 1948 година кога била однесена браната на Идријици (од која водата била насочувани низ канали, т.н. "раки" до воденото тркало), камштот засекогаш замрел и по обновата може да се врти само рачно.
Клавжи (т.н. "словенечки пирамиди ") се посебни брани кои се изградени на реката Идријица со цел од шумите на брдата да се собира дрво кое било потрошна стока во рударството. Најстарата клавжа на Идријица, изградена во 1774 година по нацртите на Јожеф Марк била долга 41,4 метри од брег до брег и нејзината дебелина била 10,8 метра. Нејзината зафатнина била околу 210.000 кубни метри вода. Најмладата клавжа била изградена во текот на француската окупација во 1813 година. Кога се подобрил патниот сообраќај во раните години на 20 век, клавжите биле напуштени. Денес клавжите се обновени, а Каномелската клавжа се користи за работа на турбините на мала хидроелектрана.
Заради овие остатоци од рударскиот комплекс, некогаш најголемиот рудник на жива на светот, Идрија станала дел од УНЕСКО-вото светско наследство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.