From Wikipedia, the free encyclopedia
Идно време — едно од сложените глаголски форми на македонскиот јазик и едно од неколкуте идни глаголски форми. Идното време во македонскиот јазик се користи за искажување на идно дејство, но исто така може да се искаже некое минато или сегашно дејство. Идното дејство во македонскиот јазик се образува со помош на честичката ќе и глаголот што се менува.
Македонски глаголски форми |
---|
Општо
Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано
|
Индото време во македонскиот јазик се образува со честичката ќе и со глаголот што се менува, каде честичката е пред глаголот. Глаголот ги зема соодветните форми од сегашното време[1].
игра | носи | везе | |
---|---|---|---|
Јас | ќе играм | ќе носам | ќе везам |
Ти | ќе играш | ќе носиш | ќе везеш |
Тој, таа, тоа | ќе игра | ќе носи | ќе везе |
Ние | ќе играме | ќе носиме | ќе веземе |
Вие | ќе играте | ќе носите | ќе везете |
Тие | ќе играат | ќе носат | ќе везат |
Одречните форми на идното време се образуваат со прибавување на честичката не пред идното време[1].
Ако се изразува поголема сигурност во вршењето или невршењето на идното дејство, тогаш се употребува конструкција од глаголот има, партикулата да и сегашното време[1].
Кај некои дијалекти, особено северозападните и западните, при изговор се случува спојување на честичката 'ќе' со глаголот, па така реченицата „Јас ќе одам во град“ може да се изговори како „Јас ќ'одам во град“.
Со идното време во македонскиот јазик се означува дејство кое се врши или се извршува по момемнтот на зборувањето[1].
Поимот иднина може да се однесува не само на периодот по сегашноста, туку у на периодот по некој момент во минатото, како на пример во реченицата: Пред една недела ми кажаа дека Марија ќе оди во Охрид. Во овој пример се користи глаголската форма ќе оди и означува идност во однос на некое друго време, а не во однос на сегашноста.
Покрај стандардното и основно значење за идност, идното време се користи за искажување и на[1]:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.