From Wikipedia, the free encyclopedia
Игор (старословенски: Игорь;[1][б 1] старонордиски: Ingvarr;[2] ок. 877 – 945)[3][4][5] бил кнез на Киев од 912 до 945.[6] Традиционално, тој се смета за син на Рурик, кој се населил во Новгород и починал во 879 додека Игор бил дете.[7] Според Примарниот летопис, Рурик бил наследен од Олег, кој владеел како регент и бил "од неговиот род".[8]
Игор | |
---|---|
Игор од Раѕивиловскиот летопис, 15ти век | |
Кнез на Киев | |
На престол | 912–945 |
Претходник | Олег |
Наследник | Светослав I |
Кнез на Новгород | |
На престол | 879–945 |
Претходник | Рурик |
Наследник | Светослав I |
Регент | Олег (879–912) |
Роден(а) | ок. 877 |
Починал(а) | 945 Искоростен |
Сопружник | Олга |
Деца | Светослав I |
Татко | Рурик |
Игор бил убиен додека собирал данок од Древљаните во 945 година. Вдовицата на Игор, Олга ја одмаздила неговата смрт казнувајќи ги Древљаните. Примарниот летопис како причина за неговото убиство ја наведува прекумерната алчност, бидејќи тој се обидел да собира данок по втор пат во еден месец. Како резултат на тоа, Олга го променила системот на собирање на даноци (пољудје), што може да се смета како прва правна реформа во Источна Европа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.