From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван Петрович Павлов (14 септември 1849 - 27 февруари 1936 ) — руски научник и физиолог познат по неговите експерименти со кучиња. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удрил темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 ја добил Нобеловата награда за медицина и за физиологија за научно истражување однесувајќи се на системот за варење.
Иван Петрович Павлов | |
---|---|
Павлов во 1904 година | |
Роден(а) | 14 септември 1849 Русија |
Починал(а) | 27 февеуари 1936 Ленинград, Советски Сојуз |
Националност | Русин |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина (1904) |
Павлов им ја презентирал храната на кучињата во исто време заѕвонувајќи со ѕвоно. Откако ќе ја повторел оваа постапка неколкупати, кучето со антиципирање почнувало да лачи плунка уште на звукот од ѕвончето, без оглед дали храната му била донесена или не. Павлов заклучил дека сите стекнати навики, дури и повисоките ментални активности на човекот, зависат од условните рефлекси.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.