![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/44/The_Walking_Dead_Cosplay.jpg/640px-The_Walking_Dead_Cosplay.jpg&w=640&q=50)
Зомби
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зомби (множина: зомбија;[1] хаитско-креолски: zonbi; Северен Мбунду: nzumbe) — поим со кој се означува мртовец оживеан по магичен пат, како на пример со помош на вештерство.[2] Преносно се користи за да се означи човек под хипноза, несвесен, но кој сепак може да се движи и да реагира на надворешните дразби. Од крајот на XIX век, терминот зомби станал популарен посебно во Северна Америка и во европскиот фолклор.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/44/The_Walking_Dead_Cosplay.jpg/640px-The_Walking_Dead_Cosplay.jpg)
Зомбијата се многу популарни во современата фантастика на ужасите, главно поради успехот на филмот „Ноќта на живите мртовци“ од 1968 година на Џорџ А.Ромеро кој придонесе ликот на зомби да се искористи како главна тема во разни книги филмови и телевизиски емисии.[3] Зомби-фантастиката во моментот претставува значителено важен хорорски под жарн во која најчесто се опишуваат настани поврзани со истребувањето на цивилизацијата поради тоа што повеќето од населението се претвораат во зомбија што јадат човечко месо. Чудовиштата најчесто се крволочно жедни по човечкото месо, но особено омилен им е човековиот мозок. Понекогаш самите зомби се жртви на измислена пандемска болест која ги воскреснува мртвите или пак ги принудува живите да се однесуваат на тој начин, но најчесто причината поради која настанала болеста не е дадена во приказната.