Знаме на Северна Ирска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме на Северна Ирска — обележје на Северна Ирска кое нема службен статус со распуштањето на самоуправното законодавство, кое го отповикало во 1972 и укинало во 1973 г.[1] Дотогаш како национално знаме се користел Алстерскиот бајрак, а денес во службени пригоди, британската влада го корирсти сојузното знаме (знамето на Велика Британија и Северна Ирска), а истото е единственото службено знаме на владата на Северна Ирска.[2] Британската влада сепак понекогаш го истакнува Крстот на Свети Патрик заедно со другите земји од Обединетото Кралство во неслужбено својство.
Унионистите и натаму го користат Алстерскиот бајрак, и истото важи за спортски клубови и местата со кои владеат на месно ниво.[3]
Крстот на Свети Патрик и Алстерскиот бајрак сепак не смеат да се веат на управни згради во Северна Ирска.[4]