![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4a/Flag_of_Lesotho.svg/langmk-640px-Flag_of_Lesotho.svg.png&w=640&q=50)
Знаме на Лесото
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Лесото е официјалното знаме на оваа африканска држава кое било усвоено на 4 октомври 2006 година. Знамето е составено од три еднакви хоризонтални ленти во сина, бела и зелена боја со црно мокоротло или Басото капа во средината. Ова знаме било воведено по повод 40 години од независноста на државата и ја симболизира мирната политичка ориентација на земјата.[1][2] Во поранешните знамиња имало приказ на Басото штит.