From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Гренада е официјалното знаме во оваа карипска држава кое било усвоено на 7 февруари 1974 година. Шесте златни ѕвезди на црвената подлога ги претставуваат шесте парохии на Гренада, додека големата златна ѕвезда на црвен диск во средината на знамето го претставува главниот град. Дискот се наоѓа во квадрат кој е поделен на четири еднакви дела во златна и зелена боја. На левиот зелен триаголник се наоѓа приказ на индиски орев, главна земјоделска суровина на островот.[1] Боите на знамето се пан-африкански, па така црвената означува храброст и виталност, жолтата претставува мудрост и зелената претставува вегетација и земјоделство.
Употреба | државно знаме национален симбол на Гренада |
---|---|
Сразмер | 3:5 |
Усвоено | 7 февруари 1974 |
Опис | Црвено знаме со правоаголник во централниот дел, кој е поделен на четири дела во зелена и жолта боја. Во средината има црвен диск со златна ѕвезда, а на зелениот триаголник цвет. На црвената основа има по три жолти ѕвезди во горниот и долниот дел. |
Творец | Антони Џорџ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.