Змеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Змеј, ламја, аждер, ала или дракон (англиски: Dragon) — фантастично, митолошко суштество, кое според својот изглед е близок до змијата[1], човекот, птицата, метеорите. Змејовите биле прикажувани најразлично: со крилја, тело покриено со стргунки, со метални плочки, понекогаш златни, со големи глави и опасни заби, со оган кој излегувал од усните, ноздрите, со испакнати очи кои можеле да имаат и хипнотичка моќ, можеле да имаат повеќе глави, најчесто имале две нозе, опашка и биле различни по големина и боја.