From Wikipedia, the free encyclopedia
Зелениот зрак (француски: Le Rayon vert) iроман од фрнцускиот писател Жил Верн објавено во 1882 година и именувано по истоимениот оптички феномен. Се споменува и во 1986 година во истоимениот филм од Ерик Ромер[1].
Автор | Жил Верн |
---|---|
Изворен наслов | Le Rayon vert |
Илустратор | Леон Бенет |
Земја | Франција |
Јазик | Француски |
Серијал | Необични патувања #23 |
Жанр | Авантуристички роман |
Издавач | Пиер Жучет Зел |
Издадена | 1882 |
Published in English | 1883 |
Медиум | Print (Хардбек) |
Страници | 128 |
ISBN | 1-59224-035-6 |
OCLC | 53822776 |
Претходна | Школата на Робинзонови |
Следна | Тврдоглавиот Керабан |
Хероите се обидуваат да го набљудуваат зелениот зрак во Шкотска. По бројните неуспешни обиди предизвикани од облаци, јата птици или далечни бродови што го кријат сонцето, феноменот на крајот е видлив, но хероите, наоѓајќи љубов во очите на едни со други, не обрнуваат внимание на хоризонтот[2].
Зелени трепкања и зелените зраци се ретки оптички феномени што се појавуваат кратко по зајдисонце или пред изгрејсонце, кога зелена точка е видлива за краток временски период над сонцето, или зелениот зрак извира од точката на зајдисонце. Обично се забележува од мала височина каде што има непречен поглед на хоризонтот, како на пример на океанот. Идејата во романот дека може да се предвиди каде и кога да се набљудува зелениот зрак нема научна основа. Сепак, тие редовно се гледаат од пилотите на авионите, бидејќи тие честопати можат да го видат вистинскиот хоризонт во средината на летот, почесто кога летаат кон запад, бидејќи релативното движење на сонцето е малку побавно[3].
Наведено во филмот на Ерик Ромер од 1986 година, зелениот зрак се користи како централна слика која обезбедува значење и водич за проблематичниот главен лик на филмот, Делфин. Во книгата на Верн и во филмот се дискутира долго како „љубовна приказна од бајките“, чии протагонисти се трошат во потрага по реткиот метеоролошки феномен. Се верува дека им дава зголемена перцепција на оние што го гледаат, еден од ликовите понатаму објаснува дека „кога ќе го видите зелениот зрак, можете да ги прочитате вашите сопствени чувства и на другите“. Прифаќајќи ја оваа идеја, Делфин ја користи својата потрага по „зелениот зрак“ за да помогне да се надмине нејзиниот осакатен страв од интимност[4].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.