Западнофризиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западнофризискиот јазик (самонар. Frysk, холандски: Fries)[1] е јазик што се говори претежно во покраината Фризија (Fryslân) на северот на Холандија. Јазикот во Холандија се нарекува само „фризиски“, а географската одредница се користи само вон земјата, за негово разликување од другите фризиски јазици (затерландски и севернофризиски) што се говорат во Германија. Поимот „западнофризиски“ (Westfries) во Холандија се однесува на западнофризискиот дијалект на холандскиот јазик, застапен во регионот Западна Фризија во состав на покраината Северна Холандија.
Кратки факти Западнофризиски, Застапен во ...
Западнофризиски | |
---|---|
Frysk | |
Застапен во | Холандија |
Подрачје | Фризија, Гронинген |
Говорници | 467.000 (2001) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Фризија |
Регулативен орган | Фризиска академија |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | fy |
ISO 639-2 | fry |
ISO 639-3 | fry |
Linguasphere | 52-ACA-b |
Затвори