From Wikipedia, the free encyclopedia
Западен Тимор (индонезиски: Timor Barat) — западниот дел на островот Тимор, дел од индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара. Источниот дел на островот е независната држава Источен Тимор. Западен Тимор е доминантно христијански регион.
За време на колонијалниот период, Западен Тимор бил познат како Холандски Тимор и бил центар на холандските лојалисти за време на Индонезиската национална револуција (1945–1949).[1][2]
Западен Тимор има вкупна површина од 15.850 км2 и го зазема западниот дел на островот Тимор. Највисоката точна во Западен Тимор е Мутис со 2.427 метри. Најјужниот остров во Индонезија, Роте, е југозападно од Западен Тимор. Најголем град во Западен Тимор е Купанг.
Западен Тимор е дел од покраината Источна Нуса Тегара. Порано бил поделен на Град Купанг и четири округа. Во 2012 година бил основан и петтиот округ. Околу 35% од населението на покраината живее во Западен Тимор.
име | адм. центар | проц. | статут | површина (км²) | население попис 2019[3] |
---|---|---|---|---|---|
Купанг | Оеламаси | 1958 | UU 69/1958 | 5.898,18 | 402.000 |
Јужноцентрален Тимор | Сое | 1958 | UU 69/1958 | 3.947,00 | 466.000 |
Северноцентрален Тимор | Кефаменану | 1958 | UU 69/1958 | 2.669,66 | 256.000 |
Белу | Атамбуа | 1958 | UU 69/1958 | 1.284,94 | 226.000 |
Малака | Бетун | 2012 | UU 69/2012 | 1.160,63 | 190.000 |
Град Купанг | 160,34 | 438.000 | |||
Западен Тимор | Град Купанг | 15.120,83 | 1.978.000 |
Населението на Западен Тимор е доминантно христијанско, односно 56% се Католици, 35% се Протестанти и само 8% се Муслимани. Има околу 1.8 милиони жители во регионот според податоците од 2008. Доминантен јазик е индонезискиот јазик, но населението зборува и на други австронезиски јазици, меѓу нив тетумски, уаб мето, ндаонаски и др.[4] Познавањето на холандскиот е денес само меѓу постарите лица и е ограничено.
Просечната невработеност на Западен Тимор е 2.39%.[5] 30% од населението живеат под линијата на сиромаштијата (според податоците од 1998 и 2012). Економијата е воглавно земјоделска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.