Заноне
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Заноне е остров во Тиренското Море во близина на западниот брег на Италија и е дел од Понцијанските Острови кој административно припаѓа во општината Понца. Целиот остров е 1 км2 во големина и на околу 10 километри оддалеченост од островот Понца.[1]
Zannone | |
---|---|
Поглед на Заноне | |
Географија | |
Место | Тиренско Море Средоземно Море |
Координати | 40°58′14″N 13°03′18″E |
Површина | 1 км2 |
Држава | |
Регион | Лацио |
Покраина | Латина |
Општина | Понца |
Демографија | |
Население | 0 |
Тоа е дел од Националниот парк Чирчео поради својата убавина и неколку ретки биоми. Островот е пуст, но надгледуван од страна на Шумска служба, со станица и мала образовна изложба на врвот Монте Пелегрино, највисоката точка на островот. На островот постојат урнатини на еден бенедиктински манастир кој датира од 13 век. Изградена врз овој поранешен манастир постои и една вила во колонијален стил, порано дом на маркизот Казати Стампа и неговата сопруга Ана Фаларино[1], кои биле домаќини за оргии на островот.[2] За посета на островот не треба посебна дозвола, но Заноне нема туристички капацитети и кампувањето и забрането, како и преноќувањето на островот[1], иако биолози, научници и набљудувачи на птици имаат добиено дозволи за кампување, во тек на ноќта на островот.[2]
Заноне е достапен само со брод од Понца. Поранешни рибари нудат денски патувања, вклучувајќи ручек на брод, кој тргнува од пристаништето во Понца во 11 часот наутро и го напушта Заноне за враќање во Понца во 5 часот[2]
Островот бил користен како приватен ловечки резерват од италијанската аристократија. Стотици муфлонски диви овци биле донесени на Заноне. Овците се сега заштитени видови.[2]
На островот има светилник наречен Пунта Варо.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.