From Wikipedia, the free encyclopedia
Зад непријателските линии - американски филм, во режија на Џон Мур. Главните улоги ги толкуваат: Овен Вилсон, Џин Хекман, итн.
Поручникот Крис Барнет (го игра Вилсон) е воен пилот кој е нестрплив да учествува во воени акции, наместо да изведува секојдневни рутински летови од носачот на авиони, стациониран на Јадранското Море. Еднаш, неговиот заповедник, адмиралот Рејграф (го игра Хекман) го испраќа во извидувачки лет над Босна. Барнет лета над забранетата зона и открива нешто што светот не сака да го види: движење на српската војска и масовни гробници. Меѓутоа, неговиот авион е соборен, по што српските војници го стрелаат неговиот соборец од авионот. Потоа започнува голема и долга потера по Барнет, кого американската армија го остава самиот да се снаоѓа. Сепак, Барнет успева да побегне, а во последен миг, адмиралот Рејграф испраќа три хеликоптери, кои ја уништуваат српската војска и го спасуваат Барнет.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.