Загорци
село во Општина Конче From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Конче From Wikipedia, the free encyclopedia
Загорци — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.
Загорци | |
Координати 41°32′51″N 22°18′18″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Конче |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2424 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22016 |
Надм. вис. | 515 м |
Загорци на општинската карта Атарот на Загорци во рамките на општината | |
Загорци на Ризницата |
Селото се наоѓа меѓу Конечка Планина и Смрдеш во Општина Конче.
Местото е населено уште од железното време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Манастир кое се наоѓа на 200-300 м југоисточно од селото.[2]
Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 210 жители, сите Македонци.[3] Според податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne), во селото во 1905 година живееле 232 жители.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 10 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | 232 | 222 | 246 | 222 | 158 | 64 | 14 | 12 | 10 | 1 |
Загорци е македонско село.[10]
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Загорци, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Лакавица, Лескоица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.
Во селото постои избирачкото место бр. 1615 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.