Жозефина де Боарне
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жозефина де Боарне (фр. Joséphine de Beauharnais), родено презиме е првата жена на францускиот војсководец и цар Наполеон Бонапарт. Родена е на Мартиник на 23 јуни 1763 како Марија Жозеф Роз Таше де ла Пажери (Tascher de la Pagerie). Три години по нејзиното раѓање, ураган го уништува нејзиниот дом. Нејзината мајка е Роз-Клер, а нејзиниот татко Жозеф Таше. Поседувале шеќерна плантажа која не им донесува големи приходи. Во 1777 година умира сестрата на Роз, Катрин. Неколку месеци подоцна виконтот де Боарне ги праќа своите брачни понуди за Катрин. Но, бидејќи таа е мртва му предлагаат да ја земе Роз.
Кратки факти Жозефина де Боарне, Владеел(а) ...
Жозефина де Боарне | |
---|---|
Императорка на Франција (повеќе...) | |
Владеел(а) | 20 март 1804 - 10 јануари 1810 |
Крунисување | 2 декември 1804 |
Династија | Бонапарт |
Татко | Жозеф Гаспар де Таше де ла Пажери |
Мајка | Роз-Клер де Верже де Саноа |
Роден(а) | 23 јуни 1763 Ле Троа Иле, Мартиник |
Умрел(а) | 29 мај 1814 Руеј Малмезон, Ил де Франс, Франција |
Погребан(а) | Црква Св Петар и Павле во Риел |
Затвори