Жозеф Луј Лагранж
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жозеф Луј Лагранж, роден Џузепе Лодовико Лагранџа[1][2][3] (некаде споменат како Џузепе Лујџи Лагранџа[4]), бил италијански математичар и астроном. Имал значајни придонеси во полињата на математичка анализа, теорија на броеви, како и класична и небесна механика.
Жозеф Луј Лагранж | |
---|---|
Роден(а) | Џузепе Лодовико Лагранџа 25 јануари 1736(1736-01-25) Торино, Пједемонт-Сардинија |
Починал(а) | 10 април 1813(1813-04-10) (возр. 77) Париз, Франција |
Живеалиште | Пиемонт Франција Прусија |
Полиња | Математика Математичка физика |
Ментори | Леонард Ојлер Џовани Батиста Бекариа |
Познат по | Аналитичка механика Небесна механика Математичка анализа |
Во 1766, како предлог од Ојлер и Даламбер, Лагранж го наследил Ојлер како математички директор на Пруската академија на науките во Берлин, Прусија, каде што останал повеќе од 20 години, освојувајќи неколку награди од Француската Академија на Науки за неговите работни успеси. Лагранжовиот трактат на аналитичка механика (Mécanique Analytique, 4. ed., 2 vols. Paris: Gauthier-Villars et fils, 1888–89), напишан во Берлин и прво објавен во 1788, понудил најсеопфатно објаснување на класичната механика, по Њутн, и создал основа за развојот на математичката физика во деветнаесеттиот век.
Во 1787, на возраст од 51 година, се преселил од Берлин во Париз и станал член на Француската Академија. Останал во Франција до крајот на животот. Имал значајна улога во децимализацијата во Револуционерна Франција, станал првиот професор по анализа на École Polytechnique по неговото отворање во 1794, како и основател на Bureau des Longitudes and Sénat conservateur во 1799.