From Wikipedia, the free encyclopedia
Жеравино — поделено село меѓу Бугарија и Србија. Се наоѓа на самиот југоисточен дел на Србија и крајниот југозападен дел на Бугарија. Српскиот дел од селото се наоѓа во Општина Босилеград во Пчињскиот Округ. Бугарскиот дел од селото се наоѓа во Општина Ќустендил во Ќустендилската Област. Според пописот од 2002. во српскиот дел живеел 21 жител[1](според пописот од 1991. селото имало 34 жители), додека во бугарскиот дел од селото имало само 4 жители. Според пописот во Бугарија од 2011, селото имало само 3 жители.[2]
Жеравино/Žeravino Жеравино | |
---|---|
село | |
Куќа во селото | |
Држава | Бугарија/ Србија |
Административна поделба на Бугарија/Окрузи во Србија | Ќустендилска област/Пчињски Округ |
Општина во Бугарија/Општина во Србија | Ќустендил/Босилеград |
Население (2011/2002) | |
• Вкупно | 3/21 |
Час. појас | источноевропско време/средноевропско време |
• Лето (ЛСВ) | источноевропско летно време/средноевропско летно време (UTC) |
Жеравино се наоѓа на границата со Република Србија и Република Македонија во географската област Каменица. Поделено е меѓу Србија и Бугарија во 1920 година. Жеравино, посебно неговата Горчилска Мала е најзападното населено место во Бугарија и најјугоисточното во Србија. Има умереноконтинентална нископланинска клима. Недалеку над селото е врвот Китка на Осогово, на самата граница со Македонија. Овој врв долго се сметал за најзападна точка на Бугарија, пред да биде утврдено дека тоа е Вршка Чука на крајниот северозапад на земјата.
Селото е од разбиен тип и е сочинето од 5 маала:
Порано, селото на територијата на Бугарија припаѓало кон следните административно-територијални единици: Општина Бобешино (1883-1934), Општина Долно село (1934-1958), Општина Жиленци (1958-1959), Општина Долно село (1959-1978), Општина Ѓуешево (1978-1983), Општина Грлјано (1987 - 1987) и Општина Ќустендил (од 1987 г.).
Година | 1880 | 1900 | 1926 | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1978 | 1984 | 2010 |
Население | 375 | 420 | 302 | 286 | 239 | 147 | 44 | 20 | 10 | 4 | 4 |
За селото, нема некои официјални документи во текот на историјата. Остатоците од античкиот и средновековниот период покажуваат дека регионот е населен уште во времето на антиката.
Селото е старо и средновековно, регистрирано во османскиот даночен тефтер од 1579-1572 година под името Жеравино со 20 христијански домаќинства и 15 ергени. Тогаш имало статус на дервенџиско село.
Во српскиот дел живеат 19 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 55,9 години (51,6 кај мажите и 59,1 кај жените). Во селото има 10 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,10.
Населението во ова село е многу нехомогено, а во последните три пописи е забележан пад во бројот на жители.
|
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2002 |
Население | 178 | 176 | 152 | 152 | 68 | 34 | 24 |
Националност | бугари | срби | Македонци |
% од населението | 76,20 % | 19,04 % | 4,76 % |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.