Жени Божилова-Патева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жени Божилова-Патева, (1 декември 1878 – 17 јуни 1955) била бугарска учителка, писателка, активистка за правата на жените, која била вклучена во пацифистичкото движење. Откако дипломирала со акредитиви за настава во 1893 година, таа ја започнала својата кариера, но ѝ било забрането да предава кога во 1898 година бил донесен закон со кој се ограничувале правата на мажените жени. Таа се свртела кон активизмот и новинарството, а таа година се вклучила и во меѓународното движење за правата на жените. Како високо истакната феминистка, таа била една од основачите на Бугарската женска унија во 1901 година. Во текот на 1905 година во Бургас, таа ја основала феминистичката група „Самосвест“ и служела како нејзин претседател 25 години. Како уредничка на „Гласот на жените“, таа објавувала написи за случувањата во женското движење во Бугарија и во странство, како и за прашања што ги засегале жените. Во текот на нејзината кариера објавила над 500 статии и книги.
Жени Божилова-Патева | |
---|---|
Роден/а | Џенда Божилова 1 декември 1878(1878-12-01) Градец, Кнежевство Бугарија |
Починат/а | 17 јуни 1955(1955-06-17) (возр. 76) Софија, Народна Република Бугарија |
Националност | Бугаринка |
Сопруг/а | Иван Патев |
Верувајќи во правото на глас на жените, Патева учествувала на бројни меѓународни конференции, често како говорник на конгресите. Нејзината книга, В помощ на жената, напишана во 1908 година, станала основа за идеологијата на Бугарската женска унија, поставувајќи ги реформите потребни за прилагодување на политиките што ги засегале жените и децата. Кога во 1915 година била основана Женската меѓународна лига за мир и слобода, таа станала истакна членка на пацифистичкото движење. Во 1944 година, кога бил воспоставен државниот социјализам во Бугарија, жените добиле право на глас, но лигата била меѓу многуте грасрут организации кои биле укинати. Кога Патева побарала дозвола да отвори културно и образовно друштво во 1945 година, таа била именувана како непријател на народот. Две години подоцна, нејзините протести поради смртната казна и пресудата на Никола Петков резултирале со национализирање на нејзиниот дом и фабриката на нејзиниот син, оставајќи ги без пари.