Изотопи на железото
From Wikipedia, the free encyclopedia
Железото (Fe) кое се јавува во природата (26Fe) има четири стабилни изотопи: 5,845 % од 54Fe (можеби радиоактивен со полураспад над 4,4⋅1020 години),[1] 91,754 % од 56Fe, 2,119 % од 57Fe и 0,286 % од 58Fe. Познати се 24 радиоактивни изотопи чии периоди на полураспад се наведени подолу, од кои најстабилни се 60Fe (полураспад од 2,6 милиони години) и 55Fe (полураспад од 2,7 години).
Во минатото, напорите за одредување на изотопниот состав на железото се сосредоточени во утврдување на варијациите на 60Fe кои се должат на процесот кој ги придружува нуклеосинтезата (т.е. изучувањата на метеорити) и рудообразбата. Во поново време, технолошкиот напредок во масената спектрометрија овозможува пронаоѓање и мерење на ситните природни варијации во уделот на стабилните изотопи на железото. Овие изучувања ги предводат стручњаци од област ана геонауката и планетологијата, иако почнува да се јавува и примена во биолошките и индустриските системи.[2]