From Wikipedia, the free encyclopedia
Жарко Кујунџиски (роден на 19 мај 1980 во Скопје) — македонски прозаист и драмски автор.
Жарко Кујунџиски | |
---|---|
Занимање | писател |
Во ноември 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранил магистерската теза „Аспекти на микрофикцијата - врз примери од американската и македонската книжевност“. Работел како уредник на електорнскиот магазин Репер (www.reper.net.mk), а бил и неделен колумнист во дневниот весник „Дневник“. Работи како главен уредник на издавачката куќа „Антолог“. Исто така, тој е основач на фестивалот на европската литература „Bookstar“.[1]
Кујунџиски е автор на 13 книги од кои позначајни се: романите Spectator (2003), Америка (2006) и Најдено загубено (2008), збирката драми Ендрју, љубов и други непогоди (2004), збирката раскази 13 (2010), како и романот Свинга на гневот (2020).[2] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Неговите дела се преведени на неколку јазици. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од антологијата „The best European fiction 2013“.[1]
Spectator е првиот дебитантски роман во македонската книжевност со пет изданија. Во своите дела Кујунџиски се занимава со комплексните односи меѓу единките во современото општество, невозможноста да се воспостави целосна емотивна комуникација, поради личните преобликувања и преобразби на впечатливите ликови кои најчесто се хиперсензитивни и кршливи, како и со процесите на претворање на материјалното во метафизичко.
Од англиски јазик ги превел следниве дела: Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и Евтини приказни од Квентин Тарантино и Роџер Евари (2008).
Добитник е на петнаесеттина награди за најдобар краток расказ, драмски текст и есеј. Во 2003 година ја добил наградата „13 Ноември“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.