Ерменски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерменски календар или староерменски календар — традиционален календар во Ерменија кој се користи и денес во Ерменската апостолска и Ерменската католичка црква.
Календар се заснова на неменливата година од 365 дена. Поради тоа, со време почнал постепено да се разидува со сончевиот и јулијанскиот календар, претекнувајќи го јулијанскиот за една година на секоја 1.461 календарски година. Затоа, првиот целосен циклус е исполнет во ерменската година 1461 (грегоријанска 2010/2011 г.).
Ерменската година 1 започнала на 11 јули 552 г. од јулијанскиот календар, а ерменската година 1462 започнала на 11 јули 2012 г. од истиот, што се совпаѓа со 24 јули 2012 г. од грегоријанскиот календар.
Календарот аналитички се претставува[1] со древното и христијанското име на денот во седмицата, името на денот во месецот, датумот, месецот и годината по 552 г. како и верските празници.
Ерменскиот календар е поделен на 12 месеци од по 30 дена, и уште пет престапни дена наречени авелјац („излишни“). Годините обично се претставуваат со ерменски бројки (кои се букви од ерменската азбука), пред кои стои скратеницата ԹՎ (тв, скрат. од т’вин) со значење „во годината“. На пример, 1455 г. се претставува како ԹՎ ՌՆԾԵ.