Енох (син на Јаред)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Енох (библиски хебрејски: חנוך) — старозаветна личност што живеела пред Големиот потоп, седмиот патријарх, почнувајќи од Адам.[1] Тој е потомок на Сит, син на Јаред и татко на Матусал, дедо на Ламех, прадедо на Ное (Бит. 5:18–28). Неговото пророштво „Господ доаѓа со десет илјади Свои свети ангели за да изврши пресуда над сите“ е пренесено во новозаветниот текст (Јуда 1:14–15). Како награда за неговото благочестие и вера, Бог „го зел“ од земјата, ослободувајќи го од смртта предизвикана од гревовите на неговите прародители (Евр. 11:5). Неговото појавување, заедно со пророкот Илија, се очекува пред второто Христово доаѓање.
- За истоимениот син на Каин, видете Енох (син на Каин).