Енеада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Енеада (грчки Ἐννεάς, значи „деветтемина“) се состои од група на девет божества, кои најчесто се појавуваат во контекст на египетската митологија. Старите народи го сметале групирањето во девет божества како многу важно.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
- Оваа статија е поврзана со египетската митологија. Видете Енеади, неоплатонско дело на Плотин или Ајнеида, латински еп од Вергилиј (македонско издание од „Култура“).
Древните Египќани имале повеќе Енеади. Текстовите од пирамидите спомнуваат Голема Енеада, Мала Енеада, Двојна Енеада, повеќекратни Енеади, па дури и Седум Енеади. Некои фараони воспоставиле Енеади во кои се вклучиле и самите себе; таков е примерот со Сет I во неговиот храм во Ридисија (Redesiyah) каде што се обожувала Енеада, која комбинирала шест важни божества и три обоготворени негови форми.