Емпириска формула
From Wikipedia, the free encyclopedia
Емпириска формула — формула на едно хемиско соединение во облик на најпростиот целоброен сооднос на атоми присутни во соединението.[1] Прост пример за овој концепт е епириската формула на SO која важи како за сулфур моноксидот (SO), така гласи и за дисулфур диоксидот. Овие две соединенија на сулфурот и кислородот имаат иста емпириска формула. Меѓутоа, нивните молекуларни формули, кои го изразуваат бројот на атоми во секоја молекула на соединението, не се исти — сулфур моноксидот се претставува со SO, а дисулфур диоксидот со S2O2.
Емпириската формула не говори за распоредот или бројот на атоми. Таа е стандардна во многу јонски соединенија како калциум хлоридот (CaCl2), и кај макромолекулите како силициум диоксидот (SiO2).
Од друга страна, молекуларната формула го покажува бројот на секој вид атом во молекулата.[2] Структурната формула го прикажува устројството на молекулата. Има случаи кога различни видови соединенија имаат иста емпириска формула.
За да се одреди постотокот на поединечни елементи содржани во еден примерок, тој се испитува со елементна анализа.