Ема од Нормандија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ема од Нормандија (заведена како Елфгифу во кралските документи;[2] околу 984 - 6 март 1052) била Кралица на Англија, Данска и Норвешка преку нејзините бракови со Етелред Неподготвениот (1002-1016) и Кнут Велики (1017- 1035). Таа била ќерка на норманскиот владетел Ричард Бестрашниот и Гунор.
Кратки факти Ема од Нормандија, Сопруга на Англиски крал ...
Ема од Нормандија | |
---|---|
Ема од Нормандија со двата сина Хардекнуд и Едвард | |
Сопруга на Англиски крал | |
На позиција | 1002 – лето 1013 3 февруари 1014 – 23 април 1016 Јули 1017 – 12 ноември 1035 |
Сопруга на Дански крал | |
На позиција | 1018 – 12 ноември 1035 |
Сопруга на Норвешки крал | |
На позиција | 1028 – 12 ноември 1035 |
Роден(а) | ок. 984[1] Нормандија, Франција |
Починал(а) | 6 март 1052 (возраст о. 68) Винчестер, Хемпшир, Англија |
Почивалиште | Олд Минстер, Винчестер. Коските сега се во Винчестерската катедрала |
Сопружник | Етелред II (1002 - 1016) Кнут Велики (1017 - 1035) |
Деца | Едвард, Крал на Англија Года, Грофица од Булоњ Алфред Етелинг Хартакнут Гунхилда, Света Римска Царица |
Династија | Нормандска |
Татко | Ричард Бестрашниот |
Мајка | Гунор |
Вероисповед | Римокатолик |
Затвори
По смртта на своите сопрузи, Ема продолжила активно да учествува во политиката за време на владеењето на нејзините синови, Едвард Исповедникот и Хартакнут. По смртта на Кнут, нејзиниот втор сопруг, во 1035 година, него на англискиот престол го наследил нивниот син Хартакнут, кој во тоа време бил во Данска. Ема била назначена како негов регент до неговото враќање.[3]