премиер на Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Елизабет Борн (француски: Élisabeth Borne),(18 април 1961 , Париз) - француска политичарка кој ја извршува функцијата премиер на Франција од мај 2022 година.
Елизабет Борн Élisabeth Borne | |
---|---|
Премиер на Франција | |
На должноста 16 мај 2022 – 9 јануари 2024 | |
Претседател | Емануел Макрон |
Претходник | Жан Кастекс |
Наследник | Габриел Атал |
Министер за прекуморски територии вршител | |
На должноста 25 јуни 2022 – 4 јули 2022 | |
Премиер | самата таа |
Претходник | Јаел Брон-Пиве |
Наследник | Жан-Франсоа Каранко |
Министер за работа, вработување и економска инклузија | |
На должноста 6 јули 2020 – 16 мај 2022 | |
Премиер | Жан Кастекс |
Претходник | Мириел Пенико |
Наследник | Оливје Дисопт |
Министер за еколошка и инклузивна транзиција | |
На должноста 16 јули 2019 – 6 јули 2020 | |
Премиер | Едуар Филип |
Претходник | Франсоа де Рижи |
Наследник | Барбара Помпили |
Министер за транспорт | |
На должноста 17 мај 2017 – 16 јули 2019 | |
Премиер | Едуар Филип |
Претходник | Ален Видали |
Наследник | Жан-Батист Џебари |
Лични податоци | |
Роден(а) | 18 април 1961 Париз, Франција |
Партија | Преродба (од 2017) Територии на прогрес (од 2020) |
Сопружник | Оливје Аликс (в. 1989; раз. 2008) |
Деца | 1 |
Живеалиште | Матињонски дворец (официјално) |
Образование | Екол политекник Национална школа за мостови и патишта Инженерски колеџ |
Градежен инженер, владин функционер и менаџер на државни претпријатија во транспортниот и градежниот сектор, Борн претходно била министер за транспорт (2017–2019) и министер за екологија (2019–2020). Потоа била министерка за труд, вработување и интеграција во владата на Кастекс од 2020 до 2022 година.[1] На 16 мај 2022 година, претседателот Емануел Макрон ја назначил за следен премиер на Франција, по оставката на Кастекс како што е традиција по претседателските избори во Франција.[2] Борн е втора жена на оваа позиција по Едит Кресон, која била премиерка од 1991 до 1992 година.[3] Членка е на партијата на Макрон Ренесанса и на централно-левичарската партија Територии на напредок.
Борн е родена во Париз на 18 април 1961 година.[4] Нејзината мајка, Маргерит Лесен, била фармацевт. Нејзиниот татко, Жозеф Борнштајн, син на Зелиг Борнштајн од Луков (поранешна руска Полска),[5] бил еврејски бегалец без државјанство, кој е роден во Белгија,[6] потоа, на почетокот на Втората светска војна побегнал во Франција; бил активен во Отпорот и бил депортиран, но го преживеал концентрациониот логор Аушвиц и маршот на смртта. Бил натурализиран како Французин во 1950 година и го променил презимето во „Борн“.[5][7] Нејзините родители по војната воделе фармацевтска лабораторија.[8] Заради смртта на татко ѝ кога имала 11 години го добила „Ученик на нацијата“, образовна придобивка која државата им ги доделувала на малолетници кои имале родител повреден или убиен за време на војна, терористички напад или додека давале одредени јавни услуги.
Борн учела во средното училиште во Лицеј Жансон-де-Саји во Париз. Подоцна, влегла во École Polytechnique (Политехничка школа, класа од 1981 година). Во 1986 година, ја добила својат инженерска диплома во градежништвото од École nationale des ponts et chaussées (Национална школа за инженерство на патишта и мостови) и една година подоцна магистер по бизнис администрација (MBA) од Колеџот на инженерите .
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.