ЕЛЕМ
From Wikipedia, the free encyclopedia
АД „Електрани на Македонија“ или скратено ЕЛЕМ е акционерско друштво во сопственост на државата кое е најголемиот производител на електрична енергија во Република Македонија. Со своите капацитети обезбедува околу 90 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија. Примарната дејност на компанијата не е само производство на електрична енергија туку и изнаоѓање нови енергетски извори и подигање на свеста за животната средина.
Вид | акционерско друштво |
---|---|
Дејност | Електроенергетика |
Основано | 1945 како дел од Електростопанство на Македонија, 2005 како ЕЛЕМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Доход | 259.116.000 евро (2021) |
Оперативен доход | 13.808.000 евро (2021) |
Нето-доход | −28.101.000 евро (2021) |
Вработени | 4,772 (31.12.2015) |
Мреж. место | www.elem.com.mk |
Вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија е 1.414,4 мегавати, и тоа 842 мегавати во термо-капацитетите, 553,6 мегавати во хидрокапацитетите и 36,8 мегавати во ветерниот парк „Богданци“. Со овој капацитет АД ЕЛЕМ прозведува електрична енергија согласно потребите на тарифните потрошувачи.