![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/a/a4/Yozhik_v_tumane.png/640px-Yozhik_v_tumane.png&w=640&q=50)
Еже во маглата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еже во маглата (руски: Ёжик в тума́не) е советски анимиран филм од 1975 во режија на Јуриј Норштејн и продукција на Сојузмултфилм. Сценариото е напишано од страна на Сергеј Козлов, кој подоцна објавува и книга со истото име. Сепак, во 2006 година, книгата е реиздадена а како потписници на истата се јавуваат и Козлов и Норштејн; овде Норштејн појаснува дека и самиот тој има одреден удел во пишувањето на сценариото.[1]
„Еже во маглата“ | |
---|---|
![]() Ежето и Мечето ги броеја ѕвездите. Мечето само зборуваше и зборуваше, "...бидејќи... ако не ти, кој друг ќе ги брои ѕвездите?" А Ежето си мислеше: "Зарем не е прекрасно што сме повторно заедно?" | |
Режисер | Јуриј Норштејн |
Продуцент | Сојузмултфилм |
Сценарист | Сергеј Козлов Јуриј Норштејн [1] |
Главни улоги | Алексеј Баталов Марија Виноградова Вјачеслав Невињи |
Музика | Михаил Меерович |
Премиера | 1975 (СССР) |
Времетраење | 10 мин 29 сек |
Земја | ![]() |
Јазик | руски |
Следен | Ако ѕвездите паднат (1978) |
Еже во маглата се смета за еден од најдобрите цртани филмови во историјата. Во 1976 година, добива награда за најдобар филм на Кинофестивалот на републиките одржан во Фројнц како и на Техеранскиот филмски фестивал на децата и младината. Во 2003 година, пак, цртаниот е прогласен за најдобар на сите времиња откако е спроведена анкета меѓу 140 кинокритичари и аниматори од сите страни на светот (претходно, на двапати оваа титула му е доделена на еден друг цртан филм на Норштејн - Приказна на приказните - кој овде завршува на второто место).[2][3]