Еди Рама
Премиер на Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Еди Рама (4 јули 1964 во Тирана) — албански политичар, уметник и писател, кој од 2013 е премиер на Република Албанија. Рама е водач на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Тој бил министер за култура и спорт во владата на премиерот Фатос Нано (1998–2000), а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011). На парламентарните избори во 2013, неговата партија остварила победа врз Демократска партија на Албанија на премиерот Сали Бериша. Рама е добитник на наградата за светски граддоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005.
Кратки факти Еди Рама, Премиер на Албанија ...
Еди Рама | |
---|---|
Премиер на Албанија | |
На должноста | |
Стапил 15 септември 2013 | |
Претседател | Бујар Нишани |
Претходник | Сали Бериша |
Претседател на Социјалистичка партија | |
На должноста | |
Стапил 10 октомври 2005 | |
Претходник | Фатос Нано |
Градоначалник на Тирана | |
На должноста 11 октомври 2000 – 25 јули 2011 | |
Претходник | Алберт Бројка |
Наследник | Љуљзим Баша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 4 јули 1964(1964-07-04) (59 г.) Тирана, Албанија |
Партија | Социјалистичка партија |
Сопружник | Линда Рама |
Деца | Грегор Рама и Захо Рама |
Установа | универзитет за уметност |
Потпис |
Затвори