Едвард VIII
From Wikipedia, the free encyclopedia
Едвард VIII (цело име: англиски: Edward Albert Christian George Andrew Patrick David; 23 јуни 1894 – 28 мај 1972) бил крал на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Британските доминиони и император на Индија од 20 јануари 1936 година, кога на престолот го наследил татка си Џорџ V, до абдикацијата во декември истата година, 325 дена подоцна.
Едвард Осми Edward VIII | |
---|---|
Крал на Обединетото Кралство и на Британските доминиони, Император на Индија (повеќе...) | |
Едвард како Принц од Велс во Отава, 1919 | |
Владеел(а) | 20 јануари 1936 – 11 декември 1936 |
Претходник | Џорџ V |
Наследник | Џорџ VI |
Сопруга | Волис Симпсон (по абдицирањето) |
Полно име | |
Едвард Алберт Кристијан Џорџ Ендрју Патрик Дејвид | |
Титули | |
НКВ Војвода од Виндзор НВ Крал НКВ Принц од Велс НКВ Војвода од Корнвол НКВ Принц Едвард од Велс НКВ Принц Едвард од Корнвол и Јорк | |
Династија | Виндзор |
Кралска химна | Боже чувај го Кралот |
Татко | Џорџ V |
Мајка | Мери од Тек |
Роден(а) | 23 јуни 1894. Вајт Лоџ, Сари, Англија |
Крштевање | 16 јули 1894 Вајт Лоџ, Сари, Англија |
Умрел(а) | 28 мај 1972. на 77 години. Париз |
Бил познат по својот бурен живот и љубовните авантури, особено со повозрасни и мажени жени, поради што ги загрижувал и татко му и политичкиот естаблишмент во Британија и во доминионите.[1][2]
Стапил во љубовна врска со познатата американка Волис Симпсон, јавна личност и космополитка, која поради своето бурно минато и два пропаднати брака била сметана за скандалозен избор на кралот. Поради тоа Едвард, сега веќе крал, бил под силен притисок на семејството и на политичкиот естаблишмент да не ја реализира намерата да се ожени со неа, и покрај тоа што немало формална пречка за тоа.[3][4][5]
Поради ова, Едвард решил да абдицира, и тоа го сторил на 10 декември 1936 година. Следниот ден ѝ се обратил на јавноста со изјава, во која рекол и дека го сторил тоа „за да се ожени со жената што ја сака“. Го наследил брат му, принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI.
По абдикацијата, Едвард ја добил титулата Војводата од Виндзор, а по Втората светска војна живеел приватен живот и останал во брак со Волис Симпсон до смртта во 1972 година.