Драгожани
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Драгожани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Драгожани | |
Координати 41°6′38″N 21°17′34″E | |
Општина | Битола |
Население | 117 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 02047 |
Надм. вис. | 604 м |
Драгожани на општинската карта Атарот на Драгожани во рамките на општината | |
Драгожани на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Пелагонија, поточно во Битолското Поле, од левата страна на патот Битола - Демир Хисар - Кичево.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожани живееле 130 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгожани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дрогрижани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 24 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Драгожани брои 156 жители, од кои 155 Македонци и 1 останат.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 117 жители, од кои 112 Македонци, 3 Албанци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130 | 80 | 392 | 476 | 494 | 468 | 475 | 258 | 209 | 156 | 117 |
Драгожани е македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Селото потекнува од првата половина на XIX век.
Родови во Драгожани се:
Во селото постои избирачкото место бр. 198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.