село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Драгобраште — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Драгобраште | |
Поштата во Драгобраште | |
Координати 41°53′55″N 22°36′16″E | |
Регион | Источен |
Општина | Виница |
Население | 265 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2310 |
Повик. бр. | +38933 |
Шифра на КО | 05006 |
Надм. вис. | 550 м |
Слава | Голема Богородица |
Мреж. место | Драгобраште |
Драгобраште на општинската карта Атарот на Драгобраште во рамките на општината | |
Драгобраште на Ризницата |
Од градот Виница е оддалечено 10 километри и се наоѓа на патниот правец за Делчево и Берово, во северо источниот дел на општината, на надморска височина од 550 метри. Селото е од разбиен тип, составено е од повеќе маала: Чукарлии, Мирмарци, Брбољковци, Софинци, Криворамци, Капетанци и други.[2]
Според бугарскиот академик Дуриданов, името на селото е добиено по личното име Драгобрат.[3] Додавајќи му ја наставката -ja селото станало Драгобратја, кое заради повеки јазични записи од српски и бугарски јазик останало именувано според наречјето на народот Драгобрашта (Драгобраќа).
Претежно населението се занимава со земјоделство, а најзастапено е одгледувањето на тутун.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгобраште живееле 700 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгобраште имало 488 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]
Во 1971 населението броело 722 жители, а во 1981 е намалено на 623 жители. Трендот на намалување е забележен и во 1991 кога селото имало 490 жители.[7] Намалувањето на населението почнало в периодот на осумдесеттите години, кога почнала индустијализацијата во Македонија, кога населението се изселувало во градовите. Подоцна во деведесеттите години, поради слабата економска состојба во државата, населението се иселувало во Западна Европа.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Драгобраште живеат 392 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 265 жители, од кои 229 Македонци, 1 Србин, 2 останати и 33 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | 488 | 570 | 699 | 686 | 722 | 619 | 488 | 469 | 392 | 265 |
Драгобраште е македонско село.
Родови во селото: Чергарци (8 к.) и Бојчевци (7 к.) доселени се од некое село во Радовишко на Плачковица; Балтачани (10 к.) доселени се од селото Криволак, Тиквеш, пред околу 190 години се иселиле тројца браќа, еден се населил во Драгобраште, вториот во Крушево, а третиот во Трсино; Пандурци (6 к.) доселени се пред 180 години од селото Турија, Делчевско, дошле тројца браќа Ѓорге, Лазар и Јово. Денешниот род потекнува од првите двајца браќа, а третиот станал домазет во родот Балтачани; Софинци (13 к.), Капетановци (11 к.), Чроѓевци (9 к.), Малчовци (9 к.), Бобијци (8 к.), Карлинци (8 к.), Терзици (2 к.) и Цековци (2 к.) доселени се, но не знаат одкаде.[15]
Во селото има пошта и здравствен дом. Во Драгобраште се наоѓа ОУ „Никола Парапунов“ во кое учат деца и од околните села.
Во селото постои избирачкото место бр. 317 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 351 гласач.[17]
Поради економски причини, од 1991, од селото емигрирале над 30 семејства, се претпоставува околу 40% од вкупното население. Најмногу иселеници има во Италија.[се бара извор]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.