Долно Свиларе
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Долно Свиларе | |
Координати 42°1′42″N 21°17′8″E | |
Општина | Сарај |
Население | 2.174 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25040 |
Надм. вис. | 388 м. м |
Долно Свиларе на општинската карта Атарот на Долно Свиларе во рамките на општината | |
Долно Свиларе на Ризницата |
Селото се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, северно од Вардар.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 5 христијански[2] и 27 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи христијани, без новороденчиња и 89 мажи муслимани со 10 новороденчиња. Исто така биле забележани 13 мажи муслимани кои тазе се доселиле во селото. Се проценува дека селото во тој период имало 270 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 236 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Свиларе вживееле 330 жители, сите Албанци.[5]
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[8]
На пописот од 2002 година, селото имало 2.010 жители, од кои 1.998 Албанци и 6 Македонци и 6 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.174 жители, од кои 2.128 Албанци и 46 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | — | 783 | 885 | 909 | 1.123 | 1.435 | 3 | 1.725 | 2.010 | 2.174 |
Долно Свиларе е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.