Пржински договор — договор потпишан помеѓу водачите на четирите најголеми политички партии во Македонија за разрешување на политичката криза во Македонија.

Кратки факти Потпишан, Место ...
Пржински договор
Потпишан2 јуни 2015
МестоПржино, Скопје
Потписници
Затвори

Заднина

Преговори

Потписници

Пржинскиот договор бил потпишан од водачите на четирите најголеми политички партии во Македонија:

Содржина на договорот

  • На 1 септември 2015, СДСМ ќе се врати во парламентот, како што е утврдено во втората алинеја на член 6 од Договорот од 2 јуни.
  • На 20 октомври 2015 година, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на СДСМ и во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички поставен.
  • На 20 октомври 2015 година, ќе биде назначен нов министер за труд и социјална политика, по предлог на СДСМ.
  • На 20 октомври 2015 година, нови, дополнителни замениците-министри ќе бидат назначени за следните министерства:
    • Министерството за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ
    • Министерството за труд и социјална политика, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ
    • Министерството за финансии, на предлог од СДСМ
    • Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предлог на СДСМ
    • Министерството за информатичко општество и администрација, по предлог на СДСМ
  • Актуелната Влада ќе ја поднесе својата официјална оставка до Собранието во догледно време да овозможи, новата влада да биде инаугурирана на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април 2016 година.На чело на новата влада ќе биде новиот премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Новата влада ќе има мандат до предвремените парламентарни избори.
  • Горенаведеното правило значи дека актуелната Влада ќе поднесе оставка на време, и 100 дена пред следните избори ќе биде назначена новата влада, која ќе треба да ги спроведе потребните законски измени што е можно поскоро за следните избори.
  • Страните се обврзуваат кон овој Договор во целост и со добра волја. Партиите, исто така, се обврзуваат да се избегнат какви било нови пречки вклучително и во однос на одржувањето на изборите на 24 април 2016 година.

Третата алинеја од член 6 се завршува како што следи: по “итна акција”, и се додава следниов текст:

  • До 15 септември 2015 година, ќе има нов, специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите. Специјалниот обвинител го именуваат долупотпишаните страни.[1]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.