Днестар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Днестар (украински: Дністе́р, молдавски: Nistru) е река во Источна Европа. Најпрвин тече низ Украина, а потоа и низ Молдавија (каде ја дели самопрогласената територија Приднестровие од остатокот на земјата), за конечно да се влие во Црното Море, повторно на украинска територија.