From Wikipedia, the free encyclopedia
„Дневник“ — прв приватен дневен весник во Република Македонија кој започнал да излегува на 20 март 1996 година. „Дневник“ главно обработувал политички содржини. Основачи на весникот се: Миле Јовановски, Бранко Героски и Александар Дамовски. Кратко по појавувањето, „Дневник“ предизвикал турбуленција на медиумската сцена со тоа што ја спуштил цената на весникот од 30 денари на 5 денари. Ова предизвикало и делумно финансиско пропаѓање на тогашните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“.
Насловна страница | |
Тип | Дневен весник |
---|---|
Формат | Б2 |
Сопственик | Орка Холдинг |
Уредник | Дарко Јаневски |
Основан | 1996 |
Јазик | Македонски |
Престанал | 13 јуни 2017[1] |
Седиште | Скупи б.б Скопје |
Тираж | 20.000 (2017) |
Страница | Online издание |
„Дневник“ повеќе години по ред бил најтиражен весник во Македонија. Во март 2003 г. тиражот на весникот достигнал 100.000 примероци, што било најголем тираж во Република Македонија. Сите меѓународни мониторинзи извршени во тој период во врска со објективното и независно новинарство во Македонија, покажале дека „Дневник“ во тој дел бил убедливо на прво место. Во рамките на весникот излегувале и прилозите „Антена“ (секој петок), „Викенд“ (секоја сабота) и „Огласи“ (секој вторник).
На почетокот, издавач на весникот било друштвото со ограничена одговорност „Круг“ ДОО. Од 1999 година, сопственици на „Круг“, покрај Миле Јовановски, Бранислав Героски и Александар Дамовски, биле и Милорад Стојмановски, Злате Лозановски, Владимир Богоев, Бојан Кицуровски и американскиот инвестициски фонд СЕАФ. „Круг“ бил основач на печатницата „ДЕ“, која во тој период го печатела и весникот. Втор основач на „ДЕ“ била печатницата од Кочани, „Европа '92“.
Подоцна, генерални директори на „Дневник“ станале д-р Срѓан Керим и Миле Јовановски, а извршен директор бил Владимир Богоев. Долгогодишниот главен и одговорен уредник Бранко Героски во 2004 го напуштил весникот и преминал во „Време“, по што главен и одговорен уредник била Катерина Блажевска. Од јануари 2012 година сопственик на весникот била фирмата „Орка Холдинг“, а за главен уредник бил назначен Дарко Јаневски.[2][3]
Мрежното место на „Дневник“ било првото на некој македонски медиум. Во просек, таа страница ја посетувале повеќе од 30.000 читатели, главно од Канада, САД, Австралија, Нов Зеланд и од западноевропските земји. Весникот згаснал поради финансиски проблеми, а неговиот последен број излегол на 13 јуни 2017.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.