Дифтерија
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дифтерија[1] претставува тешко акутно инфективно контагинозно заболување кое клинички се манифестира со локално воспаление и псевдомембранозни налепи на тонзилите и ждрелото, општа интоксикација на организмот и многубројни компликации. Предизвикувач на болеста е Corynebacterum diphtheriае која е Грам позитивна стапчеста бактерија со големина од 2-3 . Аеробна е , неподвижна, многу е отпорна во надворешната средина, се култивира на Лефлерова подлога и излачува егзотоксин. Постојат три типа на бацилот : gravis , intermedius и mitis, од кои првите два се патогени за човекот.
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Дифтерија | |
---|---|
Дифтерија на врат | |
Специјалност | Заразна болест |
Извор на зараза се болни лица и клицоносители од крајот на инкубацијата, за време на болеста и два-три месеци во реконвалесценцијата. Заради тоа болните се отпуштаат од болница со два негативни бриса. Контагинозноста е мала и изнесува околу 10-20 % . Се пренесува аерокапковно, а влезна врата е орофарингеалната слузница. Ја напаѓа помладата возраст од 2-6 години се јавува спорадично или во мали епидемии и има сезонска поголема зачестеност во есен и зима.
Бактеријата по влегувањето се адаптира и размножува на слузницата на тонзилите каде што излачува егзотоксин кој делува локално и паралокално. Локално егзотоксинот предизвикува воспаление со вазодилатација и хеморагија на крвните садови во површните и длабоките слоеви на слузницата и зголемени количини на ексудат, богат со серозна течност и фибрин. Некротизираните епителни клетки, Le , Еr и дифтеричниот бацил создаваат на површината дебели компактни бели налепи во вид на псевдомембрани. Паралокално доаѓа до оток на околното ткиво и подвиличните жлезди. Со ресорпцијата на егзотоксинот во крвта настанува општа интоксикација која е особено изразена врз кардиоваскуларниот систем, CNS, надбубрежните жлезди, бубрезите и хепарот, а врзувањето на егзотоксинот е иреверзибилно. Вакви патолошко анатомски промени, освен во грлото, можат да се јават и во носот, ларингсот, на очите и половите органи.
Дифтеријата може да се јави на:
Дифтеријата на тонзилите може да се јави како:
Настануваат два вида на компликација и тоа токсични и нервни. Тие можат да бидат рани и касни. Раните се јавуваат помеѓу 4-20 дена , а касните од 20-40 ден од болеста. Токсичните се во вид на токсичен миокардитис кој настанува во првата до четвртата недела. Се манифестира со адинамија, бледило, тахикардија, забрзан и нарушен пулс, тивки срцеви тонови, хипотензија, склоност кон кардиоваскуларен колапс и др. Ако болните ја преживеат болеста, нема појава на кардијални секвели. Во склоп на токсичните компликации се можни и дисфункција на надбубрежната жлезда и хеморагичен синдром со крварења по кожата и слузниците. Нервните се манифестираат со парези и парализи на мекото непце, акомодацијата, грлото, кранијалните нерви, екстремитетите и трупот.
Крупот најчесто се јавува на возраст од 3-5 години. Поради циркуларното таложење на псевдомембранозни налепи, во клиничката слика доминираат симптоми на опструкција на ларинксот и спазап и конструикција на глотисот. Симптомите на општа интоксикација не се изразени бидејќи постои незначителна ресорпција на егзотоксинот. Може да се манифестира како примарна дифтерична инфекција на ларинксот или секундарно да се пренесе од грлото и носот. Клинички еволуира низ три стадиуми :Дисфоничен, диспноичен и асфиктичен.
Се поставува врз основа на клиничката слика, епидемиолошката анкета и лабораториските наоди. На почетокот на болеста, додека не се образуваат псевдомембранозни налепи, заради многубројни слични заболувања на тонзилите и ждрелото, врз оснсова на кл.слика дијагнозата тешко се поставува. Изолацијата на бактеријата се врши од тонзилите и ждрелото со брис, кој се зема од границата помеѓу здраво и болно ткиво, идентификацијата е со култивирање на хранлива подлога, а резултат се добива по 48-72 часа. Хематолошки во крвната слика постои леукоцитоза со неутрофилија.
Дифтеријата[3] бара задолжителна хоспитализација и пријава на заразна болест. Терапијата се состои во спроведување на специфична серотерапија , антибиотска и симптоматска терапија. Основна цел на серотерапијата е давање на антитоксичен антидифтеричен серум, со цел неутрализација на слободниот дифтеричен егзотоксин во крвта. Тераписките дози на серумот зависат од клиничката форма, тежината на клиничката слика, а не од возраста на болниот. Одредената доза на серум се дава само еднократно и тоа мускулно а кај задоцнетите случаии делумно интравенски. Количеството на антидифтеричен серум за обична дифтерична ангина и др. Локализации изнесува 40-60 000 и.е. Потешките форми со симптоми на интоксикација или задоцнети случаии добиваат 50-100 000 и.е. серум, додека злоќудната дифтерија [4] се лекува со 100 000-200 000 и.е. Од антибиотиците најчесто се употребуваат : Пеницилин, полусинтетски пеницилин, Еритромицин, Тетрациклин и др. Кортикостероиди се користат кај крупот , тешките и злоќудните форми. Симптоматската терапија има големо значење во лекувањето на крупот и компликациите на болеста. Миокардитисот се лекува со коронародилататори и внимателна примена на кардиотоници. Зависно од стадиумот на болеста, лекувањето на крупот бара постојан надзор над болниот за одржување слободни дишни патишта. За попуштање на ларингоспазмот и смирување на болниот се употребуваат седативни средства. За олеснување на дишењето се поставува постојана инхалација на водена пареа или се ставаат топли облоги околу вратот. Се користи и кислородна терапија , се врши аспирација на фарингијалниот секрет и ако сето тоа не доведе до подобрување се врши интубација или трахеотомија.
Болните од дифтерија треба да останат во постела најмалку 15 , а кај злоќудните форми до 50 дена, без станување за да се избегне акутно попуштање на миокардот. Дифтеричните парализи се лекуваат со симптоматска терапија, витамини B-комплекс и одмор. Исхраната на болните треба да биде течна да се употребува млеко, чај, компоти, сокови и др. Ако болниот не може да голта се поставува перназална сонда.
Најдобар начин за превенција е со активната имунизиција: Di-Te-Per и Di-Te која кај нас е задолжителна и континуирано се изведува. Со Di-Te-Per во првата година примање 3 дози, потоа следи ревакцинација во втора, со Di-Te се вакцинираат во 7-та и 14-тата годишна возраст. Со имунизацијата се создава солиден имунитет во траење од 5-7 години. Од останатите мерки значајни се брзото откривање и пријавување на болеста, болничкиот третман на заболените лица и здравственото просветување. Кај невакцинирани лица кој биле во контакт со болни се применува серопрофилакса со антидифтеричен серум во дози 5-10 000 и.е.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.