Диселдорф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диселдорф (германски: Düsseldorf) — главен град на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија и е центар на метрополитенскиот регион Рајна-Рур.
Диселдорф | ||
горе: Пристаниште Диселдорф, во долниот ред од лево: Штендехаус Уметничка колекција на Северна Рајна-Вестфалија, Кралска алеја и Градска порта | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Диселдорф | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 10 окрузи, 49 општини | |
Градоначалник | Томас Гаисел (СДП) | |
Владејачки партии | СДП / Die Grünen | |
Основни податоци | ||
Површина | 217 км2 | |
Надм. височина | 38 м | |
Население | 620.523 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 2.860 жит/км2 | |
- Градско | 1.220.000 | |
- Метроп. | 7.295.000 (Рајна-Рур) | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | D | |
Пошт. бр. | 40001-40629 | |
Повик. бр. | 0211 | |
Портал | www.Duesseldorf.de | |
Местоположба на град Диселдорф во рамките на округот Урбан округ | ||
Координати | 51°14′N 6°47′E |
Диселдорф е важен меѓународен бизнис и финансиски центар и е познат по својата мода и саеми[2][3][4]. Се наоѓа централно во рамките на европскиот мегалополис, градот е седиште на Форчн Глобал 500 и неколку берзански компании. Саемот во Диселдорф организира речиси една петтина од сите светски главни саеми[5].
Културно, Диселдорф е познат по својата академија за ликовни уметности (Kunstakademie Düsseldorf, e.g. Јозеф Бојс, Август Маке, Герхард Рихтер, Зигмар Полке и Андреас Гурски), неговото влијание врз почетокот на електронската музика (Kraftwerk) и неговото голема јапонска заедница. Како град на реката Рајна, Диселдорф е упориште на прославите за Рајнскиот карневал. Секоја година во јули повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат најголемиот градски панаѓур на Рајна[6].
Како седми најнаселен град во Германија во градските граници и урбаното население од 1,5 милиони луѓе[7], Диселдорф е еден од петте глобални градови во земјата. Според листите на градови со највисок квалитет на живот Диселдорф е рангиран на шестото место во светот и на првото во Германија.[8][9].