From Wikipedia, the free encyclopedia
Дипломатско претставништво претставува постојан задграничен државен орган за надворешни односи, а воедно и официјален постојан државен орган за реализација на дипломатската дејност. Тоа ја претставува својата држава (по сите прашања) на територијата на туѓа држава, и поддржува официјални односи со таа држава како и со другите дипломатски претставништва во таа држава. Дипломатското претставништво релативно доцна се утврдува како постојан институт за дипломатски односи. Во пракса тоа станува реалност некаде околу 16 - 17 век иако како институт бил познат и многу порано. Дипломатските претставништва се два вида: посолства и легации. Посолствата се повисок степен на дипломатски претставништва. Кога меѓу две држави постојат односи на коишто им се придава поголемо значење, тогаш се основува посолство. На чело на посолството стои раководител - амбасадор (амбасадорите на Ватикан се нарекуваат нунциј). Легациите се вториот вид на дипломатски претставништва и се од понизок степен (се смета дека меѓу содветните држави не треба да се основаат посолства). Раководителите на легациите се полномошни министри т.е. лица со понизок клас од испратениците. Но независно од својот вид (посолство или легација) функцијата им е иста. Функцијата на претставништвото се определува според меѓународното право (Виенската Конвенција за дипломатски односи) и од внатрешното право на државата која што ја претставува. Според Виенската Конвенција основните функции на дипломатското претставништво се пет, и тоа:
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.