Димитар Благоев
македонски политичар во Бугарија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Димитар Благоев (бугарски: Димитър Благоев; Загоричани, Костурско, 14 јуни 1856 - Софија, 7 мај 1924) — македонски политичар во Бугарија со потекло од Егејска Македонија, основач на Бугарската работничка социјалдемократска партија (БРСДП). Во 1903 приврзаниците на Благоев предизвикаа расцеп во партијата и ја преименуваа партијата во БРСДП (тесни социјалисти). Во текот на Првата светска војна БРСДП (т.с.) ја напушти Втората интернационала. Во 1919 БРСДП (т.с.) се преименува во Бугарска комунистичка партија (тесни социјалисти). Неговото име е овековечено во името на градот Благоевград, преименуван од дотогашното Горна Џумаја во 1950 г.
Кратки факти Роден, Починал ...
Димитар Благоев | ||
Роден | 14 јуни 1856 Загоричани, Костурско, Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 7 мај 1924 Софија, Бугарија |
Затвори