![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ee/DenizliSeyirTepesi.jpg/640px-DenizliSeyirTepesi.jpg&w=640&q=50)
Денизли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Денизли (турски: Denizli) — град кој се наоѓа во југозападниот дел на Турција во Егејскиот регион по долината на реката Бујук Мендерес. Градот има надморска височина од околу 350 метри.
Денизли | |
---|---|
Град | |
![]() | |
Местоположба на градот на картата на Турција | |
Координати: 37°46′N 29°05′E | |
Земја | ![]() |
Регион | Егејски регион |
Покраина | Денизли |
Управа | |
• Градоначалник | Осман Золан (АКП) |
Површина[1] | |
• Област | 798,75 км2 (30,840 ми2) |
Надм. вис. | &10000000000000324000000324 м |
Население (2012)[2] | |
• Вкупно | 557.300 |
• Област | 554.424 |
• Област густина | 6,9/км2 (18/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски код | 20x xx |
Повик. бр. | (0090) 258 |
Регистарски таблички | 20 |
Мреж. место | [3] |
Денизли бележи економски развој во последните неколку децении, во најголем дел ова се должи на производството и извозот на текстил[4][5].
Денизли, исто така, ги привлекува посетителите поради топлите извори и травертини-тераси од карбонатни минерали на Памуккале. Неодамна, Денизли станал главно одредиште во домашниот туризам. Ова се должи главно поради различните видови на термални води во Сарајќој, Акој, Булдан, Чардак итн.
Древниот град Јерапол, како и градот Лаодикија, античката престолнина на Фригија се наоѓаат во близина на градот.
Во летниот период времето е топло, додека во зима понекогаш може да биде многу студено со снег на планините што го опкружуваат градот.