Ден на човековите права
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ден на човековите права — годишен празник кој се прославува низ светот на 10 декември секоја година.
Ден на човековите права | |
---|---|
Лого на човековите права, претставено во Њујорк на 23 септември 2011 г. | |
Го празнува(ат) | Земјите-членки на Обединетите нации |
Почнува | 1948; пред 76 години (1948) |
Датум | 10 декември |
Прослава | Обединети нации |
Датумот бил одбран во чест на прифаќањето и одобрувањето на Универзалната декларација за човековите права од страна на Генералното собрание на ООН на 10 декември 1948 година во Париз[1], прв глобален документ за човекови права и едно од првите големи достигнувања на новите Обединети нации. Официјалното создавање на овој ден се случило на 317. пленарен состанок на Генералното собрание на 4 декември 1950 година, кога Генералното собрание ја донело резолуцијата 423(V), поканувајќи ги сите земји-членки и секоја друга заинтересирана организација да го слави денот како што тие сметаат најдобро.[2][3]
Денот вообочаено е одбележуван од политички конференции од висок ранг и состаноци, како и од културни настани и изложби за проблемите со човековите права. Дополнително, на 10 декември традиционално се доделуваат наградата за човековите права на Обединетите нации и Нобеловата награда за мир. Многу владини и невладини организации активни во полето на човековите права, исто така, организираат специјални настани во чест на денот, како и многу други граѓански и општествени организации.