![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f3/Earth_flag_PD.jpg/640px-Earth_flag_PD.jpg&w=640&q=50)
Ден на планетата Земја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ден на планетата Земја — празник на единствениот дом на сите живи суштества. Се одбележува ширум светот на 22 април. Овој ден за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Датумот е прифатен како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година во Рио дe Жанеиро.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f3/Earth_flag_PD.jpg/640px-Earth_flag_PD.jpg)
Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста за значењето на зачувувањето на животната средина.