![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/07/%25D0%259C%25D0%25BE%25D0%25B3%25D0%25B8%25D0%25BB%25D0%25B0_%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D0%25BD%25D0%25B5%25D0%25BF%25D0%25BE%25D0%25B1%25D0%25B5%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BD%25D0%25B8%25D1%2582%25D0%25B5.jpg/640px-%25D0%259C%25D0%25BE%25D0%25B3%25D0%25B8%25D0%25BB%25D0%25B0_%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D0%25BD%25D0%25B5%25D0%25BF%25D0%25BE%25D0%25B1%25D0%25B5%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BD%25D0%25B8%25D1%2582%25D0%25B5.jpg&w=640&q=50)
Ден на востанието на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник[1] кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
Кратки факти Ден на востанието на Македонија, Наречен и ...
Ден на востанието на Македонија | |
---|---|
![]() Могилата на непобедените во Прилеп | |
Наречен и | 11 Октомври, Ден на народното востание |
Го празнува(ат) | ![]() |
Значење | Започнало востанието против фашистичкиот окупатор |
Датум | 11 октомври |
Прослава | Сенароден собир, концерти, спортски настани, доделување награди |
Обичаи | Положување на венци |
Поврзано | Илинден |
Затвори