Демократски социјализам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Демократски социјализам — социјалистичка теорија што се залага за воспоставување на социјалистичко општество, кое ќе се одликува со проширување и продлабочување на демократијата во однос на ситуацијата во капитализмот, а за разлика од комунистичката визија за социјализмот. Покрај ова основно значење на поимот „демократски социјализам“, тој се користи и од страна на социјалдемократијата за означување на нејзината визија на изградба на држава на благосостојба во рамките на капитализмот.
Дел од темата Политика |
![]() |
Струи |
---|
Африкански • Демократски • Арапски |
Клучни теми и прашања |
Типови |
Организации и луѓе |
Прва интернационала |
Сродни теми |
Анархизам · Самоуправување |
Социјалистички портал Политички портал · |
Најчесто, оние што се сметаат за социјалисти сметаат дека социјализмот по дефиниција е демократски и дека нема потреба од нагласување на таа негова одлика, но бидејќи практиката покажа дека е можно градењето на социјалистичко општество да заврши во тоталитаризам, а не во демократија (како што покажа искуството со комунизмот), сепак оние што се сметаат за демократски социјалисти инсистираат на тоа дека нивната визија за социјализмот е демократска.
Демократските социјалисти во текот на историјата не беа познати само по овој назив, па дури овој назив и поретко беше користен, поради неговата употреба од страна на социјалдемократите. Најчесто демократските социјалисти се нарекуваа и се нарекуваат леви социјалисти, а останатите термини за означување на овој политички правец се: автономен социјализам, нова социјалистичка левица и слично.