Дариј I
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дариј I Велики (околу 549 — 486 п.н.е.)[1] — крал на Персија од 522 до 486 година п.н.е.
Кратки факти На престол, Претходник ...
Дариј I од Персија | |
---|---|
Голем крал (шах) на Персија, Фараон на Египет | |
Дариј I од Персија | |
На престол | 522 - 486 п.н.е. |
Претходник | Смердис од Персија |
Наследник | Ксеркс I |
Династија | Ахменидска династија |
Вероисповед | зороастризам |
Затвори
Дошол на власт по контроверзи и крвопролевања во кои загинале двајца синови на Цирус (Кир) Големиот.[2] Неговото владеење било проследено со постојани побуни на покорените територии: двапати Вавилон, трипати Сусиана и еднаш Јонија. Поради тие побуни презел низа воени походи кои завршиле неуспешно, вклучувајќи го и походот против Јонија и поразот во Маратонската битка.[3] Дариј ги потчинил народите во Понтските и Ерменските планини и ја проширил доминацијата на Персија во Кавказот.
Извршил реформи во војската и морнарицата како што се задолжителен воен рок, плата за војниците и воен тренинг.