From Wikipedia, the free encyclopedia
Дарио Срна (хрватски: Darijo Srna; роден 1 мај 1982 година во Метковиќ) — поранешен хрватски фудбалер, десно крило или десен бек на кој најголем дел од својата кариера го поминал играјќи за Шахтар Донецк.
Дарио Срна | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 мај 1982 | ||
Роден во | Метковиќ, СФРЈ | ||
Држава | Хрватска | ||
Висина | м | 1,73||
Позиција | десен бек, десно крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Шахтар Донецк (спортски директор) | ||
Младинска кариера | |||
Хајдук Сплит | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1999-2003 | Хајдук Сплит | 69 | (7) |
2003-2018 | Шахтар Донецк | 319 | (33) |
2018– 2019 | Каљари | 26 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2002- | Хрватска | 134 | (21) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Исто така, тој е поранешен репрезентативец на Хрватска и играч со најмногу настапи за својата земја.
Талентот на Срна беше увиден од многу скаути во Хрватска, додека бил млад. Тој подоцна стигна и до договор со еден од двата најквалитетни тимови во Хрватска, тимот на Хајдук Сплит.
Во 2003 година, Срна беше продаден, заедно со голманот Стипе Плетикоса во Шахтар Донецк. Тој е многу чест член на тимот и наскоро станува капитен во неговиот нов клуб, за кого има направено големо влијание во лигата.
По завршувањето на Светското првенство 2006, Бенфика се интересираше за потписот на играчот, но ништо не се случи, по што многумина тој обид го сметаат за одбиена продажба. Оттогаш, тој се поврзува со голем број на други клубови, вклучувајќи го и Лацио.
Срна го направи своето деби во групната фаза на Лигата на шампионите на 14 септември 2004 против Милан.
На 20 мај 2009 година, Срна го освои Купот на УЕФА во неговото последно издание, и го подигна трофејот како капитен на Шахтар. Срна му асистираше на Жадсон за победоносниот гол по седум минути игра во продолжението. Следната сезона ова натпреварување беше пременувано во Лигата Европа.
Срна беше во тимот на Шахтар кој стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2010/2011, каде што загубија од подоцнежниот шампион Барселона. Срна имаше 5 асистенции во 5 меча.
На 22 јуни 2018, Срна потпишал едногодишен договор со италијанскиот Каљари, со можност за продолжување за уште една година ако двете страни бидат задоволни од соработката.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.