Грчец
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Грчец — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2021 година, селото имало 36 жители.
Грчец | |
Координати 41°59′17″N 21°19′49″E | |
Општина | Сарај |
Население | 36 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25063 |
Надм. вис. | 394 м |
Грчец на општинската карта Атарот на Грчец во рамките на општината | |
Грчец на Ризницата |
Селото е дел од Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото е оддалечено околу 10 км од Скопје и се наоѓа на планината Водно. Грчец е составено од две маала, Горни Грчец се наоѓа на Водно, а Долни Грчец во близина на Треска, поточно Матка.
Во северниот дел на Долен Грчец, крај свиокот на Треска се наоѓа маалото Чичино Село.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 12 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 94 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 120 жители.[3]
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 95 жители Албанци муслимани.[4] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[7]
Според пописот од 2002 година, Грчец има 1 жител Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, Грчец има 36 жители, од кои 3 Албанци и 33 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 95 | — | 607 | 658 | 569 | 30 | 1.315 | 39 | 1.805 | 1 | 36 |
Грчец е албанско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото биле:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.